Вести Македонија Топ вести

И загадениот воздух ја влошува ситуацијата на ковид болните

Вака изгледаше Скопје во вечерните часови минатата ноќ. Сцени совршени за апокалипса на еден град во еден холивудски филм, но не и град во кој сакате да живеете вели Фејми Даут кој ги направи фотографиите некаде пред полноќ.

Тоа беше месноста Теферич патот накај Соње. Се најдовме на локација каде што снимавме дел од филмот. И бевме фасцинирани како изгледа градот но после два три часа увидовме дека состојбата почнува да се влошува и почна да се чувствува непријатен мирис во воздухот. 01:52 Се гледаа само кулите на Џеваир кои можат да се видат на фотографиите.

И додека  земјава се бори со пандемијата со Ковид 19, голем број научни студии во светот  ја докажуваат поврзаноста меѓу фаталните последици на вирусот и аерозагадувањето. Луѓето кои живеат во градови со поголема загаденост, се поподложни на компликации кои ги предизвикува вирусот. Според Морачанин во моментов се потребни итни мерки доколку се има предвид дека е забалежано е зголемување на ПМ 10 честичките.

Веднаш вонредни инспекциски контроли и од локалните инспектори за животна средина  и од државниот инспекторат. Значи вонредна контрола на сите индустриски објекти со А и со Б дозволи со елаборати. Второ намалување на капацитетот на индустриските објекти за 50 % да се намали и секако она што може да помогне е намалување на сообраќајот.

За градоначалникот Шилегов секогаш кога започнува грејната сезона се зголемува нивото на загаденост и во моментов таа не е алармантна .

Оваа година сите сме во посензитивна позиција имајќи ја предвид и пандемијата и целосно е и моето разбирање и мојата лична загриженост и сензитивноста на јавноста е апсолутно разбирлива. Она што имавме покачувања мали на вредностите кои не го надминуваат максимумот, ја добивме за нијанса порано скопската магла.

Во новата студија, која ја изработија германски и кипарски научници, се доаѓа до заклучок дека емисиите на издувни гасови влијаат и врз стапката на смртност од коронавирус.Според истражувањето 15 проценти од смртните случаи од Ковид-19 се должат веројатно на загаден воздух.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Тројца отповикани и двајца со истечен мандат остануваат како в.д. амбасадори

Дејан Дејан

Истрагата за трагедијата во Кочани продолжува со распит на сведоци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе