99 лица го загубиле животот од корона вирусот за само 8 дена или двојно повеќе од изминатата недела бележи црната статистика на здравствените власти.
Болеста Ковид 19 однела животи во 24 градови. Четворица починале на возраст од 40 до 49 години, а последниот пациент е велешкиот полицаец Игор Ангеловски. Се лекувал во Велес, а почина во Скопје. Лекарите сограѓани на Ангеловски велат дека немал други коморбидитети. Болницата во Велес забрзано се полни со пациенти со ковид -19, а 15 пациенти дишат со помош на кислород.
Продолжува негативниот тренд на зболени во старосната декада над 30 години. Секој четврти припаѓа на оваа група заразени граѓани и во изминатата недела, наведува институтот за јавно здравје. Пандемијата не стивинува и забрзано ги полни болничките кревети. На пат кон Скопје синоќа почина и пациентка од Кавадарци. Тиквешкиот регион има уште три слободни кревети, но единствениот инфектолог една седмица се лекува од Ковид во Скопје.
Во кумановската болница се бие битка за кревет повеќе. Се радуваат на секој оздравен за да можат да хоспитализраат нов пациент. Две одделенија се полни, се реновира третото за да може од понеделник да може да прими нови 20 пациенти.
По, Куманово и Струга прогласи блокада. Ќе се обидат да обезбедат нови 12 легла, но немаат инфектолог, а им се ситни и буџетот на болницат за потребите на болните од ковид -19.
Штипската облница има уште 8 слободни кревети, а притисокот е намален откако се отвори ковид центарот во Кочани со 25 кревет за пациенти со полесна клиничка слика. Состојбата во Тетово е подобра, но сомнежите на здравствените власти се дека голем дел од пациентите преку матичните лекари помош бараат во скопските болници. По, вчерашната најава на комисијата за заразни болести дека побарале отворање на две нови одделенија за болни од ковид во опшатата болница 8 септември и проширување на капцитетите во болницата сеуште се чека одлука.
Додека лекарите ги чекаат болничките кревети епидемиолозите истражиле само 45 смртни случаи од последните 84 , додека од заболените 3500 усепале да анкетираат само 16 проценти или 555 граѓани давале одговори за заразата.
Павле Беловски