Нема препорака за нови рестриктивни мерки – здравствените власти очекуваат со досега предложениете да стивне експлозијата од новодијагностицирани. Бројките немилосрдни: За само 20 дена над 8000 новодијагностицирани, бројот на починати зголемен за 20 %. Повеќе од илјада пациенти во „сива зона“ – позитивни, а без решенија за изолација.
Кој тогаш и како ги следи и контактите? Што се случува и на што се должи оваа експлозија и од новодијагностицирани и од зголемен број на смртни случаи ?
Во Топ Тема ги пренесуваме последните ставови на здравствените власти и бараме одговори на сите овие прашања.