Вести Македонија Најважни

Филипче: Се подготвуваат дополнителни болнички капацитети за заболените

Се соочуваме со силен бран на Ковид-19, ситуација која ги оптоварува сите сегменти на здравствениот систем. Во модуларната болница до Инфективната клиника има слободни кревети. Направивме план за обезбедување дополнителни болнички капацитети, прво болницта во Козле, каде има 40 кревети, каде има кадар засилен со колеги од Инфективната клиника. Уште две одделенија се подготвуваат во ГОБ „8 Септември“ со кадарот кој работи таму, а до крајот на денот треба тој план да го заокружиме за да биде подготвен и тој дел. Исполнети се болничките инфективни одделенија во другите градови.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче на заедничката прес-конференција со претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски.

Филипче рече дека на денешната седница на Владата е ставена информација со која ќе се овласти Министерството за здравство да го потпише и посебниот договор преку заедничкиот рамковен договор со ЕУ за набавка на лекот „Ремдесивир“ и освен преку СЗО тој од следниот период ќе биде достапен и преку оваа набавка. За многу кратко време, посочи Филипче, очекуваме по потпишување на договорот да стигне во земјава.

– Се обезбедија дополнителни капацитети и број на тестови во повеќе институции. Граѓаните мора да покажат поголема свесност и да ги почитуваат мерките. Изутрината имавме состанок со Комисијата за заразни болести, а после тоа и со Штабот. Во среда закажавме состанок со сите 56 прватни интернисти во државата, кои имаат договор со Фондот, од кои половината се во Скопје, за да може да се вклучат во системот на дежурства во сите болници каде се лекуваат заболените од Ковид-19, додаде Филипче.

За зголемениот број на починати, Филипче рече дека 85% од нив имале хронични болести, но и доцна се јавуваат на доктор.

-Огромен процент од пациентите имале тешка форма на некоја друга хронична болест, над 85% се со коморбидитети. Голем дел многу доцна  доаѓаат во болница, рече министерот Филипче.

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски, истакна дека утре  се отвораат нови простории, во Институтот за јавно здравје, со што ќе се убрза процедурата за тестирање од Ковид-19.

-Отвораме нови простории утре наутро, уште едно приемно одделение и ќе ја убрзаме процедурата за земање на тестови. Па така редот од овие 20-30 луѓе што чекаат нема да го има утре.Работиме и прва и втора смена, работиме по 16 часа, за да го надминеме овој проблем. Луѓето грешат сите доаѓаат во 8 часот наутро и затоа се создаваат гужви, рече Караџовски.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно – Временска прогноза за 11.5.2025

Дејан Дејан

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе