Согласно Законот за финансиска помош на инвестициите, вкупно 48 компании потпишале догови со Владата, а сретствата треба да ги добијат до крајот на годината. Од нив , 38 компании кои лани веќе биле субвенционирани, ќе бидат подржани преку нови договори, а 10 преку анекс договори, рече вицепремиерот за економски прашања.
Вкупниот инвестициски циклус на 48 компании е 53, 4 милиони евра. Од нив 29, 4 милиони евра се планирани инвестиции за новите 38 договори. А од вкупниот инвестициски циклус во првата, минатата 2019 година , веќе се реализирани 17, 5 милиони евра.
Подршката е наменета за компании кои лани и годинава работеле успешно, а со комплетирањето на нивните бизнис планови се очекува да вработат вкупно 498 лица. Инвестициите гарантираат рамномерен развој на целата држава, а 53% од компаниите апликанти се мали фирми со 50 вработени. На реакциите на компаниите дека се применува селективност при добивањето финансика подршка и дека процедурите се обременети со многу бирократија, вицепремиерот Битиќи ги покани во неговиот кабинет за да се расчистат проблемите. Помош поради загубите од корона кризата, за угостителите и хотелиерите најави и министерот за економија.
Сега со последните измени, со скалестата измена на плати, тие угостителски објекти кои имаат намалени приходи ќе добијат минимална бруто плата. И до сега сме имале мерки за угостителите и за хотелиерскиот сектор. Сега ќе имаме дополнителна нова објава.
Долгот на државата кон стопанството, тежок 304 милиони евра, Владата ќе го намали преку ребалансот на буџетот, со подршка на ставките и институциите поврзани со приватниот и услужниот сектор кои работеле за јавниот, а со четвртиот пакет антикризни мерки ќе се намали царинската тарифа на одредени продукти. Поради сиромаштијата предизвикана од корона кризата, се размислува за зголемување на минималната плата на вработените во стопанството со нови пакети антикризни мерки, во текот на следната година.
Сотир Трајков