Вести Македонија Најважни

Тестови за Ковид не се за бременост, па да се купуваат секаде и да се прават дома, вели епидемиологот Караџовски и најави до 2.000 државни тестови дневно

Нови капацитети за тестирање подготвуваат државните власти, втор пункт во Институтот за јавно здравје и пункт во Ѓорче Петров, како и почеток на брзи рапид тестови оваа недела. Целта е да се стаса до 2 илјади тестирања на државно, па ако треба и да се зголеми, а половина капацитет треба да биде лабораторијата во Институтот.

Караџовски ги отфрли идеите за продажба на тестови за домашна употреба во аптеки бидејќи тестот мора да прикаже антигенска потврда на корона.

Но се преговара и со приватните лаборатории кои со денови имаат повеќе тестирања отколку државните капацитети. Референтната цена која треба да ја прифатат е 1850 денари за молекуларно ПЦР тестирање за корона вирус.

За ова цена приватните треба да прифатат тестирање, а првиот човек на Институтот одговорот за преговорите со приватните го препушти на министерот.

-Тоа е бизнис и политика, рече претседателот на Комисијата за заразни болести и му го препушти одговорот на министерот Венко Филипче, кој објасни дека се разговара за таа опција за да им се овозможи полесен пристап на граѓаните до тестирање.

Според податоците на ИЈЗ, во државните лаборатории се извршени 124.120 тестирања (52,8 % од вкупниот број), во приватните 110.910 (47,2% од вкупниот број тестирања), а во странство 8 тестови.

Разликата е во позитивните, државните лаборатории имаат многу поголем број позитивни пациенти, например во скопскиот центар за јавно здравје е речиси 20 проценти позитивни од тетирањни, а во МАНУ над 18 проценти.

Во приватните лаборатории пак бројот на позитивни од тестирани е многу понизок, во Биотек, Асистина, Жан Митрев и Лаор процентот е меѓу 6 и 8, додека поголем процент позитивни во тестирани излегува во АВицена малку над 10 проценти и во Синлаб над 12 %.

Ќе издржиме, работиме и по 16 часа вели Караџовски, а истото го смета и за вработените во Здравствениот инспекторат кои до МВР издале 2254 решенија за изолација, иако требало да се издадат над 3500-тини решенија.

-Имаме малку епидемиолози, малку инфектолози, затоа што властите во изминатите децении така сметале. Така и во ДСЗИ има 5-6 луѓе и сега сите ги куцаат и прават тие решенија. И сите ќе бидат издадени и доставени, кажа Караџовски.

Караџовски вели дека финансиски ќе се издржи, ги осуди повиците за смена на комисијата бидејќи тврди дека е составена од професионалци, а ги негираше и сите обвинувања дека тој или членовите на комисијата мафијашки се збогатуваат.

-Почитувајќи се себе си, ги почитувате и вашите семејства, ги почитувате здаравствените работници и го почитуваме системот. Ние финасиски ќе издржиме. Прашање е кога здаравствените работници ќе паднат. Ние нема да го дозволиме тоа. До последни капки од нас ние ќе работиме, рече Караџовски на прес конференцијата пред МЗ.

-Имам кола стара 18 години, еве тука е паркирана. Тврдат дека имам хациенада, а живеам и имам двосеобен стан. Кога за нас во комисијата ќе кажат дека сме мафијаши и дека се богатиме, тука ме удира (покажува на срцето). Оставете не да работиме. Сите во комисијата се професионалци и не давам влакно да им фали. Секогаш комисијата била составена од најкомпетентните, па јас и претходно сум бил не зашто сум политичар туку зашто сум професионалец, изјави претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски, одговарјќи на новинарско прашање за барањата за оставка на комисијата и опозициската идеја за собраниски избрана комисија за Ковид 19.

Поради изморените здравствени работници кои немаат смена, Караџовски апелира граѓаните да ги заштитат со почитување на мерките.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе