Свет

Ердоган: На Макрон му треба ментална проверка

Франција и Турција влегоа по отворен дипломатски судир, по навредливиот коментар на претседателот Ердоган на сметка на неговиот колега Макрон.

Официјален Париз го отповика својот амбасадор во Анкара на консултации откако турскиот лидер оцени дека на францускиот претседател му е неопходна

проверка на неговото ментално здравје.

На локалниот партиски конгрес на владеачката партија на правдата и развојот, во централна Анатолија,  Ердоган реторички ги праша своите поддржувачи – Што е проблемот на оваа личност наречена Макрон, со Исламот и муслиманите и продолжи.

“На Макрон му треба третман за ментално здравје. Што друго може да се каже за шефот на држава кој не ја разбира слободата на вероисповедта и кој се однесува на овој начин кон милионите луѓе кои живеат во неговата држава а се припадници на друга вера? Како прво, неопходна е проверка на менталното здравје” – изјави Ердоган.

По коментарите на Ердоган, од кабинетот на францускиот претседател оценуваат дека таквото однесување е недозволиво и тој мора да ги промени своите постапки кои се оценуваат како опасни во секој поглед.

Жестоката реакција на Ердоган инаку следува откако Макрон вети одбрана на секуларните вредности на Франција откако еден учител беше убиен и обезглавен затоа што на учениците во својот клас им покажал карикатура на пророкот Мухамед.

Макрон го опиша исламот како религија во криза и објави планови за поостри закони за борба против тоа што тој го опиша како “исламистички сепаратизам” во Франција.

Карикатурите и цртежите на Мухамед претставуваат сериозна навреда за муслиманите, бидејќи исламската традиција експлицитно ги забранува сликите на пророкот и Алах.

Токму карикатурите на пророкот Мухамед објавени во магазинот “Шарли Ебдо”, 2015-тата година беа повод за крвавиот исламистички напад во кој беа убиени 12 лица.

Сепак францускиот секуларизам има клучна улога во националниот идентитет во оваа држава. Секое ограничување на слободата на изразување за заштита на чувствата на одредена заедница, според француската традиција, претставува закана за демократските вредности на државата.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан и Индија се согласија на целосно примирје

Дејан Дејан

Фон дер Лајен, Макрон и Мерц: Построги санкции ако Русија одбие примирје

Дејан Дејан

Илјадници Романци на проевропски протест пред вториот круг од претседателските избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе