Македонија Најважни

Струмичката болница ќе адаптира цел оддел од новиот крак за ковид центар

Околу сто нови легла ќе обезбеди струмичката болница за лекување на пациентите со КОВИД – 10 од Југоистокот. Министерот за здравство Филипче при днешната посета на болницата рече дека станува збор за првиот кат од новиот крак кој е целосно опремен со легла и централен довод на кислородна поддршка. Останува да се реши проблемот со персоналот, бидејќи двајца лекари и шест медицински сестри се позитивни на вирусот.

Струмичката болница последниве седмици се соочува со сериозен недостиг на место за сместување на пациентите. Отворањето ан новиот крак привремено ќе ги задоволи потребите за оваа намена, а се планира и посебен влез.

Ситуацијата во целиот Југоисток е загрижувачак. Само последниве 24 часа, од компликации поврзани со КОВИД – 19 починале 3 лица од Гевгелија. Меѓу нив е 51 годишниот музичар и пејач, Васил Ангов, кој последните десетина дена се борел со корона-вирусот. Од Центарот за јавно здравје Гевгелија велат дека поради хронична астма неговата ситуација нагло се влошила, па од инфективната клиника бил префрлен на лекување во приватна болница, каде што и починал.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе