Првиот човек на општина Кочани, Николчо Илијев бара од министерството за животна средина и државниот инспекторат да утврдат дали фабриката за хартија „Пејпер мил“ работи согласно еколошките стандарди. Граѓанските активисти и жителите на Кочани неколкупати протестираа и бараат од надлежните институции да се реши проблемот со загадувањето на воздухот, но и водата.
Општина Кочани бара од Државниот инспекторат за животна средина да утврди дали фабриката за хартија Пејпер мил ги почитува стандардите за работа, согласно А интегрираната дозвола. Од локалната власт сметаат дека чадот, кој излегува од фабричкиот оџак не е од користење на метан за загревање на котелот, туку се користат пелети. Обврски на оваа фабрика е да има и пречистителна станица.
Фабриката пејпер мил имала обврски пречистителната станица за отпадни води да ја изгради до 2019 година, но досега тоа не го направила. Илијев бара одговорност и реакција од државниот инспекторат за животна средина.
Ана Петревска пред неколку дена е назначена за нов дитректор на Државниот инспекторат за животна средина. За Телма вели дека штом и официјално стапи на функцијата разрешувањето на случајот со „Пајпер мил“ ќе биде еден од приоритетите.
„Едно е на хартија друго е во реалноста, ние ќе направиме вонреден инспекциски надзор за да ги утврдиме фактите и ќе постапиме по претставката од Општина Кочани“, вели Ана Петровска, новата директорка на Државниот инспекторат за животна средина.
Изминатите години министерството за животна средина и инспекторатот неколкупати правеа вонредни инспекциски контроли на фабриката, којашто според жителите на Кочани им го загадува воздухот, но и водата, која се испушта од овој погон. Граѓанските активисти и жителите на Кочани неколкупати протестираа пред фабриката, барајќи да ги почитува еколошките стандарди.
Викторија Јованова