Македонија Најважни

За две седмици, бројот на активни случаи се зголемил за 87%- Македонија рекордер во соседството

Mакедонија во соседството е рекордер по број на активни случаи според големината на населението.

Има 330 заразени од корона вирусот во моментот на 100 илјади жители. За четвртина повеќе отколку во Албанија, речиси дупло од Грција, трипати повеќе од Косово, и 5 пати повеќе во Србија.

На пошироката регионална табела стои подобро поради рекордите на Словенија, Унгарија и Црна Гора кои ја оставија Македонија далеку зад себе.

Според последните статистики  Македонија има вкупно 6.861 активен случај, а во последните две седмици таа бројка е речиси дуплирана. На 9-ти октомври имаше 3.670-ца активни пациенти, сега има за 87 проценти повеќе.

Мерките протиив ширењето треба да се почитуваат и одговораат за нашите можности, вели во изјава за Телма, професорот Драган Данаиловски кој апелира Собранието што поскоро да ги изгласа законските измени поради влошената епидемија.

Влошената состојба полека ги арчи капацитетите на здравството, но и на државата. Голем двонеделен скок има и во бројот на хоспитализирани.

Додека во првите седум месеци од епидемијата имаше вкупно 3.702-ца пациенти згрижени во болниците, за само две недели примени се 476 пациенти што претставува 12 % од вкупниот број на хоспитализираните од почетокот на пандемијата во државата. За две недели дневната состојба во болниците е зголемена за речиси половина, на 9-ти октомври имало 408 пополнети болнички кревети, вчера 607 или двесте повеќе.

Ресурсите се битни и за тестирањето, а тоа треба да се зголеми што пак ќе предизвика и поголеми бројки на позитивни случаи.

Македонија веќе неколку дена по ред бележи нови рекорди во статистиките за епидемијата. Скопје и Аеродром и натаму се лидери, но по 40-тина болни дневно почнаа да се бележат и во Тетово, Куманово, Прилеп, Кавадарци.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе