Ковид кризата ги спушти ќепенците во старата битолска чаршија, а се затвораат дуќани и на Широк сокак, најатрактивната улица во Битола. Трговците се жалат дека состојбата е исклучително тешка, посебно по затворањето на границате со соседна Грција. Оние кои закупила објекти во државна сопственост, бараат намалување на кириите и субвенции од државата за да ги преживеат овие тешки денови.
Коронакризата силно ја погоди и онака кревката битолска економија. Трговијата и голем број услужни дејности најмногу се потпираа на грчките државјани, а сега по затворањето на границите дуќанџиите во Старата чаршија ги живеат најтешките денови.
Затворени дуќани, спуштени кепенци. Замира Старата битолска чаршија, место кое со векови било пулсот на гардот.
Сега се бројат дуѓаните кои останаа да работат, а трговците велат дека прометот е намален и за 70 проценти.
-Продажбата е намалалена, нема Грци, нема странци, сетоа тоа си придонесува. Видете на нашата улица, секој втор дуќан е затворен. Не доааѓаат откако ги затворија границите, Грци немаме видено. Нема движење по улиците, се палшат да излегуваат, кризата сите ја чувствуваме, велат дуќанџиите во Старата чарија во Битола.
Намален промет празни тезги и дуќани има и на Градскиот зелен пазар и Новиот реонски пазар во Битола. И таму драстично е намалена фреквенцијата на купувачи.
-Коронакризата предизвика големи загуби во ЈП Пазари, ако во gрадскиот пазар така и во реонскиот пазар. Исто така не се издаваат и дуќаните со кои стопанисува јавното прептпријатие, вели Владе Атанасовски директор на ЈП Пазари.
Состојбата е загрижувачка и на битолски Широк Сокак, улица која со години наназад е најатрактивна за трговија и угостителство. И повозрасните угостители велат дека не паметата ваква пустелија на најдолгата пешачка зона во Битола.
-Широк Сокак не го имам видено попуст, нема луѓе, не шетаат млади. Исклучиво во сабота и недела има нешто повеќе раздвиѓеност, но ова е старшна работа, вели Цане Георгиевски, угостител.
Од акционерксото друштво за стопанисување со станбен и деловен простор велат дека во Битола стопанисуваат со околу 400 дуќани, од нив 150 се празни. Поради актуелната ситуација закупците бараат намалување на кириите и субвенции од државата, за да можат колку-толку да ја издржат кризата.
Емилија Мисирлиевска