Македонија

Штипскиот хирург, Ѓорѓи Денков, ја загуби битката со коронавирусот

Штипскиот хирург, Ѓорѓи Денков ја загуби битката со коронавирусот. Десеттина дена се лекувал во клиниката Жан Митрев, но не успеал да ја победи болеста. Ова е втора жртва од редовите на лекарите и тоа само за една недела, пред два дена почина познатиот кумановски хирург Драган Тасевски на 60 годишна возраст.

Неговите колеги, хирурзи, пријатели, пациенти, роднини се простуваат  од Денков, кој за неколку месеци требаше да замине во пензија. Лекарите на кои им бил ментор и им го пренел своето знаење, го нарекуваат учител, еден од нив е и актиелниот директор на штиспката Клиничка болница, Ален Ѓеорѓијев.

Тој на јавноста и пациентите од Брегалничкиот регион е познат и ценет по својата стручност, неколку години беше и  прв човек на штипската болница, како и синдикален раководител.

Штипскиот хирург Денков е деветиот починат здравствен работник од почетокот на пандемијата во земјава. Досега  се заразени 1070 луѓе кои работат во првите борбени редови во македонските болници.

Во моментов во болницата во Штип не се регистрирани новозразен медицински кадар, а на Инфективното одделение се лекуваат 53, од кои над 20 се во тешка состојба и се на кислородна поддршка.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе