Вести Македонија Најважни

Анкета: Младите признаваат дека не ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот

Младите признаваат дека голем дел од нив не ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, покажува онлајн анкетата што ја спроведе средното општинско училиште „Коле Нехтенин“ од Штип меѓу своите ученици.

Анкетата е спроведена од страна на професорката Лилјана Манева и учениците од четврта година на часовите по „Граѓанско образование“ на примерок од 110 ученици од училиштето.

– Од вкупно 110 ученици, 90 ученици се изјасниле дека носат заштитна маска само на местата каде носењето на заштитна маска е задолжително. Само пет ученици се изјасниле дека не носат заштитна маска, а останатите носат само повремено. 70 ученици од вкупно 110 одговориле дека држат дистанца од 1,5 метар на места каде мораат да го прават тоа, а 15 ученици секогаш одржуваат дистанца. Останатите ученици се изјасниле дека држат дистанца само понекогаш, изјави директорот на училиштето Дејан Павлов.

Посочува дека на прашањето дали младите се групираат во групи со повеќе од четири лица, 42 проценти од учениците се изјасниле дека се групираат во поголеми групи во паркови, 15 прценти се групираат во поголеми групи на роденденски забави, а 14 проценти на спортски игралишта.

– Деветдесет проценти од вкупниот број анкетирани ученици утврдиле дека почитувањето на мерките за заштита од Ковид-19 се наоѓа под три на скалата од еден  до пет. Резултатите од анкетата се сериозен аларм за младите да ја согледаат важноста од почитување на препораките за заштита од Ковид 19, за личното здравје и за здравјето на останатите. Јавното здравје е заедничка одговорност, порачува директорот Павлов.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе