Македонија

Бесплатен адвокат и правен совет за граѓаните во незавидна финансиска положба

Имотно-правни прашања, бракоразвбодни постапки и тужби од работен однос. За овие и слични проблеми граѓаните најчесто барале и користеле бесплатна правна помош велат од Министерството за правда. Но граѓаните не се доволно информирани за бесплатната правна помош и не доволно ги користеле нејзините придобивки минатите години. За да се информираат ранливите категории граѓани, кои имаат потреба од адвокат или правни совети и информации,  од следната недела ќе почне да се спроведува кампања, при што ќе биде промовирана нова веб страница изработена од делегацијата на Европската унија во соработка со Советот на Европа и министерството за правда.

Законот за бесплатна правна помош почна да се применува во октомври минатата година. За период од шест месеци, односно заклучно со јуни годинава, до Министерството за правда биле доставено околу 130 барања за бесплатна секундарна правна помош. Од пристигнатите барања, 71  се одобрени, а 29  се одбиени поради неисполнување на услови, а останатите се во постапка.

Граѓаните кои се со незавидна финансиска положба, можат да се обратат до Министерството за правда и до неговите подрачни единици и да побараат да им се даде правна помош или да им се обезбеди адвокат кој ќе биде платен од буџетот.

Доколку едно лице побара бесплатна правна помош треба да исполни одредени услови. Еден од условите е доколку барателот живее сам неговиот месечен приход да не е поголем од утврдената минимална плата, ако живее во семејство – вкупниот приход да не биде поголем од минимална плата зголемена за 20 отсто од минималната плата за секој член поединечно. Тоа значи доколку минималната плата е 15.000 денари плус 3.000 денари или вкупно 18.000 денари месечен приход, ако се двочлено семејство, или 21.000 денари за трочлено семејство, 24.000 за четиричлено семејств, итн. При тоа,  како приход не се смета надоместок за помош и нега од друго лице, родителски додаток за дете, детски и посебен додаток, додаток заради посебни потреби, надоместок на плата за скратено работно време, итн.

Исто така, барателот на правна помош не треба да има повеќе од еден станбен објект или стан во зграда, да нема повеќе во сопственост од една или повеќе физички поврзани парцели со вкупна површина од 300 м2 во Скопје, 500 м2 во другите општини, односно една или повеќе парцели со вкупна површина не поголема од 5000 м2 во рурални средини, и едно моторно возило до 1200 кубни сантиметрио постапка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе