Новинарите на емисијата КОД, Билјана Николовска, Снежана Лупевска Созен и Миомир Серафиновиќ ја добија втората награда на Европската унија за истражувачко новинарство за 2019-та година, за убиства во Кичево – „Осуден на доживотна казна и прогласен за виновен за убиство што не го сторил“. Првата награда на ЕУ ја доби истражувачката репортерска лабораторија за „урбаната мафија“ во промената на деталниот урбанистички план на Тафталиџе, додека третата награда му е доделена на Петар Клинчарски од редакцијата „360 степени“, за сторијата за процесот на денационализација.
КОД ја доби втората награда на Европската унија за истражувачко новинарство за 2019
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.