Вардар ремизираше 25-25 против Порто во рамки на 5.коло во Лигата на шампиони. Португалците дојдоа до бод во последната секунда од мечот благодарение на голот на Антонио Ареиа.
WATCH: The match is slipping out of their hands but Antonio Areia saves the draw for @FCPorto! 🔥 #ehfcl pic.twitter.com/IuqixUBV3R
— EHF Champions League (@ehfcl) October 22, 2020
Голманот Борко Ристовски одигра фантастичен натпревар, но неговите соиграчи не го искористија тоа за да ја крунисаат неговата партија со победа. Голманот постигна неверојатни четири погодоци со што испиша нова историја во ЕХФ Лигата на шампиони, а притоа имаше и 18 интервенции. Ниту еден голман досега нема постигнато четири погодоци на еден натпревар во елитата.
Натпреварот во текот на сите 60 минути беше неизвесен. По почетното водство на Вардар од 4-2, потоа следуваше серија од 6-0 на гостите. Нашиот тим немаше погодок цели 10 минути, но се консолидираше во финишот на полувремето и на пауза замина со 13-12. Во вториот дел, повторно се играше неизвесно, а во финишот Порто влезе со два гола предност со 22-24. Вардар врати со серија од 3-0, но во последниот напад не успеа да се одбрани за да дојде до победа, бидејќи Ареира погоди со звукот на сирената.
Иван Чупиќ имаше седум голови, Марко Вујин реализираше пет пати во голот на Порто. Кај гостите, пикерот Итуриза беше најефикасен со седум голови, а голманот Никола Митревски имаше 11 интервенции.
Вардар по три одиграни натпревари во Групата А има три бода. Во следното коло гостува кај ПСЖ.
Фото: РК Вардар