Економија Ковид19

Стопанствениците бараат итно да се донесе ребалансот на буџетот

Стопанството бара под итно да се донесе ребалнасот на буџетот, во кој се предвидени пари за исплата на платите на работниците за октомври, ноември и декември. Претседателот на Организација на работодавачи, Ангел Димитров вели дека доколку се задоцни со новиот четврт пакет мерки, кој е најавен од страна на Владата ќе предзивика сериозен удар врз стопанството, а краен рок за нив е крајот на октомври или најдоцна до 10 ноември, кога треба да се прави октомвриската плата.

Политичките партии да ја остават политиката настарана и да почнат да размислуваат за стопаството, кое со душа ја чека помошта од државата. Доколку навреме не се донесат мерките може да се затворат 15.000 работни места во преработувачката индустрија, вели Ангел Димитров претседател на организација на работодавачи

На текстилните и кожарските компании во прилог не им оди и тоа што намален е и бројот на склучени договори со странските партнери. Поради карантинот од март, април во моловите, трговските центри и бутуци во големи залихи стои стоката од минатата сезона. Токму поради тоа странските партнери не склучуваат договори за новата сезона. И истражувањето на универзитетскиот професор, Никола Поповски за „Гласен Текстилец“ и „Фридрих Еберт“ говори дека наредната година ќе биде полоша за текстилната и кожарската индустрија. Лесно оди реорганизацијата на производството, но тешко ќе се менува пазарот.

Статистиката на Агенцијата за вработување говори дека од 11 Март до крајот на септември без работа останале 14.818 граѓани. Економските експерти сметаат  ако потрае Ковид кризата компаниите треба брзо да се прилагодат на новите услови, а државата да ги намали нефункционалните трошења.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дурмиши: Ако има поскапување поголемо од 15 проценти, ќе активираме поригорозни мерки

Дејан Дејан

(живо)Дурмиши: Пазарниот инспекторат е на терен очекуваме извештај

Дејан Дејан

Ангеловска-Бежоска: Економијата постепено закрепнува од шоковите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе