Металург стартуваше со пораз во Европската лига на ЕХФ. Македонскиот претставник загуби со 33-29 на гостувањето кај Тулуз.
Металург не водеше во ниту еден момент од натпреварот. Тулуз демонстрираше дека моментално е подобар противник, но скопскиот тим има за што да жали, бидејќи да не беа многуте технички грешки дефинитивно можеше до поповолен резултат. Тулуз во два наврати во првото полувреме имаше +5, но на полувремето резултатот беше 18-15. Металург играше добро до средината на вториот дел, кога утна два зицери преку Мице Шилегов за да дојде и на негатива од -1, а Французите знаеја како да го казнат секое промашување во против напад. Поразот од 33-29 не треба да го обесхрабрува нашиот тим, кој покажа дека има квалитет и дефинитивно може да се надигрува со секој во групата А.
Милан Поповиќ имаше фантастичен натпревар за Металург со девет голови од 10 обиди, а единственото промашување го имаше во финишот од линијата за седум метри. Голманот Даниел Дупјачанец собра 10 интервенции. Кај Тулуз најдобар беше пивотменот Хенрик Јакобсен со девет гола од исто толку обиди.
Во следното коло во вторник, Металург во Скопје ја пречекува Висла Плоцк.