Вести Свет

Европските држави уриваат рекорди во новозаболени од корона вирус

Европските држави секојднeвно ги надминуваат рекордите на новоинфицирани од корона вирусот. Италија синоќа јави за 11.705 нови случаи,  што е најмногу од почетокот на пандемијата. Оваа бројка го подигна алармот дека земјата ќе се врати на црното сценарио, и од денеска се ограничува работното време на кафулињата и рестораните. Дополнителните мерки ќе ги носат градоначалниците кои ќе треба да проценат и да се активираат во спречувањето на ширењето на болеста. Но, граѓаните сметат дека сепак е потребна поголема контрола на терен.

Можеби ни требаат повеќе контроли на терен, наместо моќни декрети напишани на хартија.

Училиштата, остануваат отворени, но средношколците велат дека се исплашени, бидејќи се принудени да одат на часови и покрај фактот што дел од соучениците се позитивни и во изолација.

Ситуацијата, според мене, е целосно разочарувачка. Треба да се почне со учење на далечина во средните училишта.

Словенија и официјално прогласи епидемија откако бројката на новоизнфицирани достигна 20% од направените тестови. Активиран е националниот план за заштита на населението, а на градоначалниците и тука им се дозволува самоиницијативно да воведуваат мерки. Епидемијата ќе трае 30 дена – период во кој словенечките власти се надеваат дека ќе се изборат со инфекцијата.

Хрватска бележи рекорди, а епидемиолозите претпоставуваат дека наскоро ќе имаат и по две илјади заболени на ден. Тука веќе не се бараат контактите, бидејќи докторите немаат време за тоа, во оваа фаза од инфекцијата. Србија, од денеска влезе во црвена корона зона, со повеќе од 30 заразени на 100 илјади.

Во најголем дел од европските држави се воведуваат строги мерки, кои граѓаните не ги одобруваат. Чесите вчера излегоа на протести, иако земјата е со најголем број заболени. Се судрија со полицијата, имаше солзавец и апсења. Но и локалните власти одбиваат да спроведуваат владини мерки. Градоначалникот на Манчестер одби да ги затвори пабовите, сметајќи дека тоа ќе ја уништи и онака кревката економија во градот.

Да затворите голем број работни места..Луѓето не можат да бидат принудени на тоа. нема да ги принудувам, порачува градоначалникот на Мачестер.

Маските на отворено полека стануваат задолжителни насекаде. Иако во најголем дел корона вирусот се пренесува во затворен простор, според најновите истражувања шест проценти од заболените болеста ја добиле на отворено, најмногу на концерти и спортски настани.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе