Францускиот репрезентативец и член на Пари Сен Жермен, Никола Карабатиќ на последниот дуел во националниот ракометен шампионат против Иври поради повреда на коленото мораше предвреме да го напушти теренот.
ПСЖ денеска потврди дека еден од најдобрите ракометари на светот ги скинал лигаментите на коленото и ќе мора да паузира најмалку шест месеци.
“По деталните прегледи, констатирано е дека на Карабатиќ му се скинати вкрстените лигаменти на коленото. Тој наскоро ќе мора да замине на операција по што го очекува пауза од неколку месеци”, се вели во соопштението на ПСЖ.
Карабатиќ дефинитивно ќе го пропушти настапот на претстојното Светско првенство во Египет, завршниот турнир во Лигата на шампионите, а се чини дека тој нема да биде дел од екипата до крајот на сезоната.