Вести Македонија Најважни

Се шири корона вирусот во тетовските градинки

Уште една негувателка од тетовските градинки е позитивна на коронавирусот, трет случај досега откако започнаа со работа. Една нејзина колешка со која била во контакт и 7 деца во таа група се во изолација и се следи нивната здравствена состојба. Од Управата на градинката „Младост“ велат дека по добиеното известување од Центарот за јавно здравје се преземени сите безбедносни мерки според протоколот. Со Ковид 19 е заразена и професорка, но таа немала контакт со ученици, бидејќи предавала онлајн.

Состојбата со ширењето на заразата со коронавирусот во Тетово е сериозна, со оглед на тоа дека бројките на нови случаи секојдневно растат. Фактот дека се најмногу од нив се фамилијарни кластери, покажува дека граѓаните продолжуваат да се групираат и да одржуваат свадби и други свечености.

Дел од граѓаните велат дека мерките не се почитуваат и сметаат дека треба да се воведат построги.

Во изминатото деноноќие во Тетово се регистрирани 3 нови случаи со Ковид 19, со што бројот на активно болни достигна 222. Од почетокот на пандемијата досега во овој регион има регистрирано 1607 заразени, а висока е стапката на смртност, односно починале 94 лица.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе