80 новозаразени од ковид 19 има во изминатово денонокие но од направени само 680 тестирања што е малку во споредба со претходниот период.
Тоа би значело дека денешниот процент од тестирањата е 12.
И повторно повеке од половина од болните се од скопје и тоа 54, по што следува гостивар со 7, Велес-4, Тетово-3, по двајца во кавадарци, виница и светиниколе и по еден случај во куманово крива паланка и делчево.
Починале и тројца болни кои биле хоспитализирани и тоа 48 годишен пациент од Скопје, 68 од струмица и 78 годишен од струга.
Според податоците од Институтот за јавно здравје 97 на се оздравени а најголем дел се од скопје 44.
Но и покрај ова бројот на заразени во главниот град во изминатава недела е во голем пораст па Скопје во моментов има 1802 активни случаи.
Втор по број на активни е струмица со 260 а трет е тетово со 222-ца
Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3996 и е за малку помалку од она што се случуваше на крајот на јули кога пикот на активни случаи беше највисок. 4198 беше највисоката бројка на активни корона болни регистрирана на 25 јули.
Но неделава е специфична по тоа што освен што има голем број на новозаразени и процентот на заразени од бројот на тестирања е голем.
Само во последниве три денови е 23 што се најголеми проценти воопшто до сега.
Претходно пак се движеше околу 18, додека тестирањата најчесто се околу 2 000 тестови дневно а позитивни на корона се по повеќе од 350.
Во моментов речиси сите болнички капацитети низ градовите и во гоб 8 ми септември во скопје се исполнети, а инфективната клиника од вчера ја пушти во функција и модуларната болница.
Билјана Николовска