Двајца лекари, три медицински сестри и двајца административни работници од струмичката Општа болница се позитивни на КОВИД – 19.
Здравствените работници се во домашна самоизолација и засега не е познато како се заразиле. Поради тоа, отежнато е работењето на одделенијата каде што недостасува персонал.
И капацитетите на дневниот ковид центар и инфективното одделение се речиси полни.
Гогов смета дека не е достигнат врвот на заболени од корона – вирус во Струмица и дека уште некое време ќе има раст на позитивните случаи.
Сузана Мицева