Свет

Бајден: Дебатата со Трамп ќе се оддржи само доколку претседателот е здрав

Претседателскиот кандидат на Демократската партија за изборите во САД во ноември, Џо Бајден, изјави дека ќе ја откаже договорената дебата со Доналд Трамп, на 15 октомври, во Мајами, доколку американскиот претседател, се уште, е болен од коронавирус, пренесуваат француските медиуми.

Со нетрпение чекам да дебатирам, но се надевам дека ќе се следат сите протоколи, изјави Бајден (77) пред новинарите по враќањето од Гетисбург.

Трамп (74) во петокот, само два дена по неговата прва дебата со Бајден во Кливленд, соопшти дека е позитивен на тестот за коронавирус.

Бајден и Трамп треба да се соочат повторно на 15 октомври, но Бајден порача дека „доколку тој се уште има Ковид-19, не треба да имаме дебата“.

Во протоколите од Центрите за контрола и превенција на болести се наведува дека луѓето кои имаат позитивен тест за вирусот треба да останат дома најмалку 10 дена по појавата на првите симптоми, додека луѓето кои ќе станат сериозно болни можеби ќе треба да останат дома и до 20 дена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мировни преговори во Истанбул без Путин, Зеленски руските делегати ги нарече „статисти“

Дејан Дејан

Мировни преговори во Истанбул без Путин

Дејан Дејан

Мексиканска инфлуенсерка застрелана во живо додека снимала за мрежата „TикТок“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе