Спорт Фудбал

Ангеловски: Нијанси ќе решаваат, очекувам да се пласираме во финалето

Македонската фудбалска репрезентација утре против Косово ќе го одигра полуфиналниот дуел од баражот за пласман на континенталниот шампионат.

“Сигурен сум дека од нашите репрезентативци на овој меч ќе го видете најдоброто од нив. Овој натпревар Македонија го чека цели 30 години. Условите се невообичаени, но ние ќе се прилагодиме како целиот свет. Ќе одиграме максимално и во овие услови. Кажав дека мора да останеме со ладни глави. Меч, како и секој друг. Истиот пристап како и за сите така и за Косово. Самите се доведовме да бидеме во игра за ЕП. Добро знам што можат фудбалерите и дека тоа ќе го сторат. Наша задача е да се подготвиме за секое сценарио. Иако капитенот не е 100% подготвен овој меч се игра и на мотивација и на инспирација. Мислам дека ќе го дадеме максимумот. Нијансите се на наша страна, очекувам ние да одиме во финале”, изјави селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски.

Натпреварот се игра утре на Арената Тодор Проески и почнува во 20 часот и 45 минути.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Во меч без голови Вардар и Струга освоија по бод

Дејан Дејан

Реакција на ФФМ: Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет

Дејан Дејан

Еткинсон тренер на сезоната во НБА

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе