Вести Свет

Трам повеќе нема симптоми на коронавирус

Американскиот претседател Доналд Трамп немаше симптоми на Ковид-19 во последните 24 часа, а физичкиот преглед и виталните знаци покажуваат дека неговата состојба е стабилна, изјави денеска лекарот на Белата куќа, Шон Конли.

Во изјавата објавена со дозвола на Трамп, Конли рече дека претседателот немал температура повеќе од четири дена и дека не му треба дополнителен кислород за време на хоспитализацијата.

Лекарот исто така рече дека во крвта на претседателот се откриени антитела на Ковид-19. Сепак, се уште нема  информација дека е негативен.

Трамп беше хоспитализиран во петокот, откако тестовите покажаа дека е позитивен на Ковид-19. Во понеделникот се врати во Белата куќа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Разговори за можно примирје во Појасот Газа во Белата куќа- Нетанјаху на вечера кај Трамп

Дејан Дејан

Продолжуваат спасувачките напори во Тексас – над 100 загинати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе