Економија

Екологистите против изградбата на хидроцентрала на Мала река

Сечењето на тополи, багрем и дабова шума покрај Мала река деневови ги крена на нозе граѓаните и кочанската локална власт. На ова место треба да се гради хидроцентрала. Екологистите, но и советниците и првиот човек на општината се против и бараат стопирање на проектот, којшто според нив ќе донесе голема штета на оваа недопрена природа.

Кочанскиот градоначалник вели дека за изградбата на малата хидроцентрала дзонал по анонимен повик, ја побарал документацијата и открил дека позитивно мислење општината дала неколку месеци пред тој да стане градоначалник. Расправа имало и во локалниот парламент, советниците испратиле и допис до институциите за да се стопира градбата. Фирмата која почна со подготовките на терен нема дозвола за градба, но ако се утврди дека целата постапка е запазена, општината мора да им ја издаде дозволата.

Проектот имали хидроцентрали предвидува низ земјава да се изградат околу 400, досега оваа бројка е околу сто. Но, досега жителите на источниот регион имаа негативно искуство со изградбата на мали хидроцентрали, имаше протести во малешевскиот регион, но инвеститорите успееја да ги изградат. Граѓанските активисти сметаат дека хидроцентралата на Мала река може да наштети не само на природата, туку и на тирзимот. Во завршна фаза е Осоговскиот регион да биде заштитетно подрачје.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Да се забрза транспортoт на храна кон Косово

Дејан Дејан

ЕСМ на тронот по загуби, МЕПСО зголемува плати и вработува

Дејан Дејан

Дурмиши: Ако има поскапување поголемо од 15 проценти, ќе активираме поригорозни мерки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе