Спорт Фудбал

Два нови дебитанти во шампионската лига

По вечерашните реванш натпревари од разигрувањето за влез во фазата по групи од Лигата на шампионите познати се сите учесници во елитното европско клупско фудбалско натпреварување.

Митјиланд, Краснодар и Салцбург се последните три состави кои ја комплетираат листата на учесници во шампионската лига. По Ференцварош, Краснодар и Миттјиланд за прв пат се дел од европската клупска елита.

Откако првиот дуел во Прага заврши без голови, Митјиланд славеше со 4:1. Гостите од Чешка поведоа со голот на Петер Олајинка уште во третата минута. Во 56-тата Ерик Свјаченко израмни на 1:1, а потоа следуваше погодок на Сори Каба во 65-тата.

Во 84-та прецизен од белата точка беше Александер Шолц. На две минути пред крајот на мечот Франк Онејка зголеми на 3:1, а конечните 4:1 ги постави Андерс Дрејер во првата минута од судиското продолжение.

ПАОК повторно не успеа да се пласира во Лигата на шампионите откако Краснодар и во вториот меч во Солун забележа победа од 2:1. Во 73-тата минута Јанис Михалидис ја погоди сопствената мрежа за водство на Краснодар од 1:0.

Само четири минути подоцна Омар Ел Кадури израмни на 1:1, а триумфот на гостите им го донесе Реми Кабела со голот во 78-та минута.

Салцбург и во вториот натпревар беше поуспешен од Макаби Тел Авив, а овој пат триумфираше со 3:1. Патсон Дака во 16-тата минута го постигна првиот гол за домаќинот. По половина час од играта во листата на стрелците се запиша Еден Карзев за израмнување на 1:1.

Во последните моменти од првото полувреме Доминик Собослаи му носи предност на Салцбург од 2:1, а последниот погодок на мечот беше дело на Патсон Дака во 68-та минута.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Во меч без голови Вардар и Струга освоија по бод

Дејан Дејан

Реакција на ФФМ: Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет

Дејан Дејан

Еткинсон тренер на сезоната во НБА

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе