НФЛ ги суспендираше сите активности на Тенеси откако тимот пријави осум позитивни резултати на Ковид-19.
Во соопштението на Тенеси се истакнува дека по последното тестирање тројца играчи и пет члена на помошниот персонал имале позитивен наод и дека сите се во изолација.
Ова е прв случај на инфекција со коронавирусот во една НФЛ екипа од почетокот на сезоната, а челниците на лигата решија да ги прекинат сите активности и на последниот противник на Тенеси, тимот на Минесота се до петок кога ќе бидат направени нови тестови по што ќе се однесе одлука дали двата тима ќе ги играат натпреварите кои се на програмата во текот на викендот.