Јошихиро Мори првиот човек на организацискиот комитет на Летните игри во Токио што треба да се одржат следната година истакна дека без разлика на ситуацијата со пандемијата, јапонската престолнина ќе биде домаќин на најголемиот спортски настан.
Мори потенцираше дека јапонската влада ќе ги прифати барањето на организаторите да ги намали рестриктивните мерки за влез земјата и спортистите од целиот свет без проблем би можеле да допатуваат и да почнат со тренинзи и подготовки за настап.
Во моментов Јапонија има забрана за влез на граѓани од 159 земји и региони и оваа бројка постепено ќе намалува веќе од следниот месец.
Игрите кои според календарот требаше да се одржат оваа година поради пандемијата се одложени за следното лето и тие се на програмата од 23 јули до 8 август.