Свет

Орбан бара оставка од потпретседателката на ЕК затоа што ја навредува Унгарија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска побара оставка од потпретседателката на Европската комисија Вера Јурова поради „понижувачки изјави“ за Унгарија.

Според потпретседателката на Комисијата, во Унгарија е создадена „болна демократија“ и дополнително ги навреди граѓаните на ЕУ од Унгарија кога рече дека не се во позиција да формираат независно мислење, рече Орбан во писмото до претседателот на Комисијата Урсула фон дер Лајен.

Тој во него нагласува дека изјавите на Јурова се „навредливи за Унгарија и Унгарците“.

Овие тврдења не се само напад врз демократски избраната унгарска Влада, туку се навредливи за Унгарија и Унгарците, напиша Орбан и додаде дека изјавите на Јурова го кршат Лисабонскиот договор, според кој треба да биде неутрална и објективна.

Орбан рече дека Унгарија е подготвена да ги „прекине политичките односи“ со европската комесарка, изјави денеска за МТИ неговиот портпарол Берталан Хаваси.

Оние што го кршат договорот не се во состојба да дејствуваат како заштитници на владеењето на правото и европските вредности. Изјавите на потпретседателката не се во согласност со нејзината позиција и таа треба да поднесе оставка. Додека тоа не се случи, унгарската Влада ќе ги прекине билатералните политички врски со Вера Јурова, рече тој.

Орбан нагласи дека Унгарија „уште од влегувањето во ЕУ во 2004 година е посветена членка“ и оти официјална Будимпешта „ја цени работата на претседателката Урсула фон дер Лајен на чело на Комисијата“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гласање за обемниот буџет на Трамп – демократите во обид да го сменат или блокираат законот за даноци со амандмани

Дејан Дејан

Венс: Ерата на американска доминација во светот е завршена

Дејан Дејан

Две жртви на временски непогоди во Италија – црвен метеоаларм во 18 градови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе