Свет

Макрон во Литванија, средба со Тихановскаја

Францускиот претседател Емануел Макрон, кој е во посета на Литванија, денеска во Вилнус ќе се сретне со лидерката на белоруската опозиција, Светлана Тихановскаја, изјави претставник од неговиот Кабинет.

Советникот на Тихановскаја, Франак Вјачорка рече дека таа изразила подготвеност да се сретне со Макрон во Вилнус.

Испративме писмо до канцеларијата на Макрон во кое наведуваме дека имаме желба да се сретнеме. Чекаме потврда и ќе бидеме задоволни да се сретнеме за време на неговата посета на Вилнус, рече Вјачорка.

Тихановскаја вчера побара од Макрон да биде еден од посредниците во дијалогот меѓу владата и опозицијата во Белорусија и во тој процес да го вклучи неговиот руски колега Владимир Путин.

Протестите нема да престанат, рече Тихановскаја во Вилнус, каде отиде по претседателските избори во Белорусија на 9 август.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гласање за обемниот буџет на Трамп – демократите во обид да го сменат или блокираат законот за даноци со амандмани

Дејан Дејан

Венс: Ерата на американска доминација во светот е завршена

Дејан Дејан

Две жртви на временски непогоди во Италија – црвен метеоаларм во 18 градови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе