Вести Економија

Битиќи: Со ребалансот ќе има пари за антикризните мерки

Најдоцна до понеделник ќе се знае колку неискористени пари институциите ќе вратат во буџетот за со ребалансот на буџетот да се обезбедат 160 милиони евра директна помош која владата ја предвиде со четвртиот пакет мерки за справување со ковид кризата тежок 470 милиони евра. Вицепремирот за економски прашања, Фатмир Битиќи вели дека доколку не се обезбедат доволно средства се размислува за ново задолжување.

„Ако е потребно ќе има и задолжување и затоа велам, еве да се стрпиме, веќе во последни минути сме на креирање на ребалансот и ќе имаме јасни насоки и евентуално ако треба да се задолжиме, а притоа да не направиме штета севкупна, ни на владата, ни на граѓаните“, рече Битиќи.

Битиќи информираше дека во моментов и на домашниот и на странскиот финансиски пазар се стабилни и со поволни каматни стапки, а оти земјава има простор за дополнително задолжување, бидејќи, како што рече, според сите проценки земјава спаѓа во умерено задолжени земји и може да издржи нови задолжувања.

На критиките кои стигнаа од економистите дека четвриот пакет мерки е популистички е дека не е директно насочено кон заздравување на економијата Битќи рече дека за него зачувувувањето на работните места, предвидени со мерките, е клучно.

„Ако 65% од БДП по структура го прави приватната потрошувачка, кој е лекот за тоа? Ако 25% од БДП е индустријата и преработувачкиот сектор или кажете – стопанството, и вие таму не помогнете за да се заштити секое едно работно место, и ако е тоа популитстички, тогаш, во ред, јас не отстапувам од тоа“, возврати Битиќи.

Презентирајќи податоци на Заводот за статистика според кој индустриското производство во месеците јули и август покажало закрепнување од првичниот удар на коронакризата, што Битиќи го припиша како резултата на досегашните мерки за помош и оти индустријата  е на добар пат да се врати на нивото од минатата година во последниот квартал од оваа година. Тоа, рече Битиќи, ќе овозможи развој и стабилизација на економија идната година.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе