Македонија

Може ли Гугл мапс да помогне со проблемот на дивоградбите во државата?

Судска пракса: Не се користат сателитски снимки за да се утврди кога дивоградба е изградена, која се легализира со нотарска изјава на жими-мајка од барателот

Моќниот Гугл дава многу одговори и за минатото, а со својата сателитска мапа може да понуди одговори кога нешто се изградило.

Но иако моќна, оваа апликација не може да се искористи во правосудниот систем во случаи кога станува збор за дивоградби и кога сопствениците за да ги легализираат даваат нотарски изјави под материјална и кривична одговорност за времето на градба на бесправниот објект.

И ден денес стигаат вакви нотарски изјави дека објектот е изграден пред 2011-та кога е рокот во законот, а никој не проверува.

Министерот Бочварски вели дека со новиот предлог закон ќе има промени, но проверките на времето на изградба ќе се врши и со други методи, кои ги признава судот.

Новиот закон е веќе во собраниска процедура, но сега наместо да се плаќа по едно евро за квадрат, легализацијата ќе биде со казнени пенали и повисока од редовната сума за законско градење.

Во ова класа ќе се протнат и многу деловни објекти-дивоградби.

Со новиот закон ќе се легализираат станбени куќи, некои деловни објекти, но забрането ќе биде легализирање на станбени згради како и на дивоградби во заштитени природни подрачја.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Објавен на ЕНЕР Предлог Закон за Судскиот совет – се чека мислење од Венецијанската комисија

Дејан Дејан

Мицкоски ќе предложи нови кадри за позициите на Алијанса

Дејан Дејан

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нови кадровски решенија по одлуката на Таравари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе