Ковид19 Македонија Топ вести

Филипче: Идејата е да се отворат границите без ПЦР тестови

Земјите во регионот се договараат за отворање на границите без ПЦР тестови. Иако неколкупати досега беше кажано дека ќе се донесе одлука и ќе се знае дали ќе ни треба тест или не за да отпатуваме кај соседите , министерот Филипче вели дека владата  чека одговор од нив , каква е епидемиолошката состојба во нивните земји и какви би биле протоколите и превентивните мерки за заштита од корона.

Инаку сите држави во светот, со сосема ретки исклучоци, како што се зголемува бројот на заразени, така ги менуваат правилата и за сопствените граѓани и за странците, за да се спречи ширењето на заразата. А, едни од најчесто менуваните правила се оние за патување и за влез во државите, а забраните или ограничувањата во речиси сите случаи зависат од бројот на заразени.

Па така влез без пцр тест се уште имаме само во Албанија и Турција. Забранет влез за македонски државјани има во речиси сите држави од ЕУ , со исклучок на оние кои имаат реглиран престој , или како што е со случајот со Германија кој дозволува да се отпатува таму вез тест само за итни, неодложни здравствени и економски причини со претходно дадена согласност.

Теодора Цветковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕП го усвои Извештајот за Македонија на Томас Вајц

Дејан Дејан

Изгаснат пожарот во Чучер-Сандево, се гасат уште седум други

Дејан Дејан

(живо) Интерпелацијата на претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски, пред пратениците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе