Свет Топ вести

Судири меѓу Ерменија и Азербејџан во Нагорно Карабах

Судири меѓу Ерменија и Азербејџан повторно избија во спорниот регион Нагорно Карабах. Министерството за одбрана на Ерменија соопшти дека неговите трупи собориле два азербејџански хеликоптера и три беспилотни летала како одговор на нападот, за кој велат дека започнал против цивилните населби. И двете странија соопштуваат за ранети и загинати.

Ерменскиот претседател Никол Пашинијан прогласи општа мобилизација објавувајќи дека тоа е за доброто на татковината. Азербејџан пак тврди дека операцијата е одговор на гранатирањето на нивните позиции од страна на ерменската армија.

Двете поранешни советски држави веќе долго време се во конфликт поради главно етнички насленеиот ерменски регион Нагорно-Карабах, а граничните судири се интензивираат во последните месеци. Етничките Ерменци во Нагорно Карабах прогласија независност за време на конфликт што избувна при распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година. Иако во 1994 година беше договорено примирје, Азербејџан и Ерменија често се обвинуваат едни со други за нападите околу Нагорно Карабах и долж одделната азербејџанско-ерменска граница.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европската комисија подготвена за сите сценарија околу американските царини

Дејан Дејан

(живо) Интерпелацијата на претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски, пред пратениците

Дејан Дејан

Повеќе од 160 лица сѐ уште се водат како исчезнати по поплавите во Тексас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе