Судири меѓу Ерменија и Азербејџан повторно избија во спорниот регион Нагорно Карабах. Министерството за одбрана на Ерменија соопшти дека неговите трупи собориле два азербејџански хеликоптера и три беспилотни летала како одговор на нападот, за кој велат дека започнал против цивилните населби. И двете странија соопштуваат за ранети и загинати.
Ерменскиот претседател Никол Пашинијан прогласи општа мобилизација објавувајќи дека тоа е за доброто на татковината. Азербејџан пак тврди дека операцијата е одговор на гранатирањето на нивните позиции од страна на ерменската армија.
Двете поранешни советски држави веќе долго време се во конфликт поради главно етнички насленеиот ерменски регион Нагорно-Карабах, а граничните судири се интензивираат во последните месеци. Етничките Ерменци во Нагорно Карабах прогласија независност за време на конфликт што избувна при распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година. Иако во 1994 година беше договорено примирје, Азербејџан и Ерменија често се обвинуваат едни со други за нападите околу Нагорно Карабах и долж одделната азербејџанско-ерменска граница.