Економија

Оризопроизводителите од кочанско се жалат на цената за откуп на оризот

Почна жетвата на раните сорти на ориз, а комбајните поинтензивно ќе жнејат по 1 октомври  во кочанско-виничкиот регион.Оризопроизводителите и годинава со со старите проблеми, ниту имаат цена, ниту е обезбеден откупот. Решение гледаат во тоа да се откупува оризова арпа, наместо белиот ориз. Бараат средба со ресорниот министер и системско решавање на проблемите, во спротивно револтот ќе го искажат со блокади.

Приносите годинава ќе бидат просечни, оризопроизводителите поради карантинските месеци ја задоцниле сеидбата и не можеле сите да набават сертифициран семенски материјал и  препарати за прскање.

Во кочанско-виничкиот регион од година во година се намалуваат површините под ориз, причина е пред се сушата, но и младите не се заинтересирани да ја садат оваа култура. Оваа поле кое пред десеттина години беше само под ориз, сега низ него може да се видат неизорани ниви или се произведуваат други култури.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Да се забрза транспортoт на храна кон Косово

Дејан Дејан

ЕСМ на тронот по загуби, МЕПСО зголемува плати и вработува

Дејан Дејан

Дурмиши: Ако има поскапување поголемо од 15 проценти, ќе активираме поригорозни мерки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе