Поради пандемијата со Ковид 19, фудбалските клубови на целава планета се соочуваат со обезбедување на спонзори и покривање на трошоците за тековните сезони.
Во ситуација кога секој спонзор е добредојден, потегот на холандскиот прволигаш Емен предизвика мешани реакции во јавноста.
Холандската фудбалска федерација му дозволи на клубот до крајот на сезоната на своите дресови да го носи логото на компанијата Easy Toys, која е еден од најголемите произведувачи на сексуални играчки во земјата.
Пред почетокот на сезоната Федерацијата му забрани на Емен да го истакнува логото на спонзорот со образложение дека e не примерно на фудбалските терени да се рекламираат производи на сексуалната индустрија.
Сепак по двонеделна дебата и многуте критики искажани на конзервативноста на челниците на Федерацијата одлуката е изменета и веќе од ова коло играчите на своите дресови ќе носат логото на новиот спонзор.
Easy Toys со Емен потпиша договор на една година според која клубот ќе инкасира сума од 500.000 долари.
Останува нејасно само дали главниот спонзор на клубот како сите останати во светот ќе има штанд на стадионот каде ќе се продаваат неговите продукти.