Култура

Штипските археолози на Кале го бараа Равен каде било создадена глаголицата

Штипските археолози по 40 години влегоа во локалитетот Кале, за којшто истражувачите и академик Блага Алексова сметаат дека овде бил градот Равен, каде што Кирил ја напишал глаголицата, а неговиот брат Методиј бил епископ и ја почнале Моравската мисија. Се истражува петокорбната катедрала, каде што и сега се пронајдени камења со букви од глаголицата и крстилница.

Локалитетот се простира на осум хектари, каде се откриени четири цркви и петкорабната катедрала, ѕидините на градот постоеле до Првата светска војна. Атрактивен е за туристите и авантуристите од Балканските земји и Русија, кои овде затекнуваа пред се обраснати ниви со трње и трски. Археолошките истражувања годинава чинат 400.000 денари, а археолозите со новите откритија сметаат дека треба да продолжат и наредната година.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Македонската филхармонија вечерва во Солун со „Кармина Бурана“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе