За да запре долгогодишното уништување и за да се обноват, Црквата „ Св. Ѓорѓи “, во Курбиново и манастирот „ Успение на Пресвета Богородица “, во Матејче, ќе добијат статус – културни добра во опасност. Ваква иницијатива за манастирот во Матејче, пред 3 години дала Управата за заштита на културното наследство, но сеуште не е спроведена. А, девастираната црква, со надалеку познатата фреска на Архангел Гаврил, во Курбиново, споро се обновува и покрај започнатата прва фаза, годинава. Затоа и таа ќе добие нов статус, согласно Законот за заштита на културното наследство, потенцира министерката за култура.
Прогласувањето во опасност би помогнало во овој случај да продолжат следните фази, по тој принцип и терк. Се мобилизираат сите стручни луѓе во земјата, се обезбедуваат ресурси вантре, финансиски, логистика, се што е потребно за работата, вели министерката за култура Ирена Стефоска.
Заштитата на културното наследство, која е приоритет на оваа министерка, ќе ги вклучи и спомениците од НОБ, за кои ќе се прави листа и увид на терен. По доаѓањето на функцијата, Стефоска затекнала неиплатени сретства за проекти од Годишната програма, за тековни трошоци, но и неиздржани исплаќања. За сите случаи е изготвена анализа.
Таму каде што има шанси да се реализираат проектите, побаравме од самите институции да ни кажат, кој реално до крајот на годината може да ја заврши работата. Секако да ги пуштиме парите од тука. Пред некој ден пуштивме и за комунални услуги, вели стефоска.
Уште две установи од културата од 120 , не доставиле систематизации, за да ги добијат платите за јули. Доцнењето е поради неизвршените обврски на раководителите до крајот на март, согласно новиот Колективен договор, неформирањето тело за имплементација на договорот од страна на синдикатите, но и поради неажурноста на министерството. Според министерката, нема да има казни за раководителите, но ќе се бара одговорност. Формирана е и работна група за ревидирање на правните недоследности во Колетивниот договор.
Сотир Трајков