Македонија

Смртта на родилката и новороденчето го потенцираа стариот проблем – Шуто Оризари и натаму без гинеколог

Шуто Оризари – скопска приградска населба , позната по шопинг тезгите – место каде што можат да се најде релативно евтина облека, но не и матичен гинеколог.

Таму скоро цела година нема гинеколог , па најблиско место каде што повеќе од 10 000 жени можат да добијат гинеколошки преглед е Чаир.

Сиромаштијата и ниското ниво на образование кај дел од нив сепак ги спречува да се грижат за своето репродуктивно здравје.

Бремените Ромки за време на својата бременост прават само 5 прегледи што е под националниот просек – кој вели дека секоја жена во бременоста треба биде прегледана од гинеколог 8 пати.

Иако овие услуги треба да се бесплатни сепак многу гинеколози им ги наплаќаат , вели активиската Салија Бекир.

Токму една ваква немила случка, деновививе ја разбранува јавноста кога родилка и  новороденче починаа на ГАК , случајот се истражува , а од невладините алармираат дека акцент се ставило повеќе на тоа колку деца имала жената и дали одела редовно на гинеколог.

За само неколку денови на другиот крај од земјава , во Струмица почина 9-месечно бебе, кое во болницата било примено со отежнато дишење и не дочека да биде испратено на лековање в Скопје.

За оваа година се уште нема податоци, но само лани во Македонија имало регистрирано 112 починати доенчиња , дома и во болнички услови.

Од детска клиника за Телма велат дека најчеста причина за смрт на новороденчиња се респираторни проблеми, малигни, срцеви болести.

Уште една причина е тоа што  во некои делови во земјава нема гинеколози, неследење на бременоста , многу предвремено родени бебиња.

А државата нема статистика колку бремени жени починале, односно официјалните податоци велат дека ниоту една бремена жена не го загубила својот живот изминативе пет години.

Инаку, најмногу починати доилки, новороденчиња и доенчиња има во полошкиот регион а најмалку на истокот на земјата.

Теодора Цветковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Во Кочани заврши ,,Маршот на ангелите”

Дејан Дејан

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе