Македонија

Живиот свет во Преспанското езеро е во опасност

Состојбата со Преспанското езеро е алармантна, a намалувањето на нивото има негативно влијаниe врз кавлитетот на водата и живиот свет. Зголемена е појавата на алги, намалена е видливоста, а поради повлекувањето на езерото се поместуваат плодишта на рибите и фауната која живее во крајбрежниот дел. Вака експертите од Хидролошкиот завод во Охрид ја оценија состојбата со Преспанското езеро, на денешната трибина во организација на локалната самоуправа на Ресен.

Потребен е континуиран мониторинг, изработка на студија која ќе алармира за состојбите, изнаоѓање на алтернативни начини за примена на пестициди во земјоделието, а надлежните да ги спроведуваат предлозите, велат од Хидробиолошкиот завод.

Преспанското езеро покажува мезотрофен и премин на еутрофен карактер, што значи дека сите параметри веќе влегуваат во 3 и 4 категорија на вода. Карактеристично е и тоа што во подлабоките слоеви се појавуваат бескислородни услови. Кислородот  знаеме што значи, претставува фактор за живот, а со негово намалување ќе дојде и до изумирање на живиот свет, вели Елизабета Велјаноска Серафиловска, директор на Хидробиолошки завод Охрид

За ваквата сосотојба влијание има и природата, но и човекот, велат екологистите и алармираат за брзи мерки со кои ќе се спречи понатамошното намалување на нивото на езерото.

Дел од причините се климатските промени, односно долгите периоди на суша. Но, би рекла дека е и користењето на водите за што немаме доволно податоци, а во наредниот период би требало да се обрне повеќе внимание. Посебно на користењето на  водите во земјоделието, но не само овде туку и на албанската страна и  постоење на голем број бунари, да се види што и како е активно, што се користи и како се користи, вели Робертина Брајаноска, МЕД

Од локаланата самоуправа на Ресен и Владата велат дека во фаза на формирање е работна група во која покрај македонската, се вклучуаат и албанската и грчката страна, за да се утврди што точно се случува со езерото во секоја држава.

Ова ќе биде трилатрална работна група,  што значи дека сите три земји ќе мора активно да се вклучат во соработката за спасување на Преспаснкото езеро. Но, ние ќе мора да го завршиме нашиот дел, без оглед какви активности ќе преземаат другите, вели министерот за животна средина Насер Нуредини

Нивото на Преспанскотое езеро  опаѓа со години, а деновиве се спушти на 5 метри и 12 сантиметри под нормалниот водостој. Крајбрежјето во одредени делови и во должина е поместеностено  за стототина метри.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Во Кочани заврши ,,Маршот на ангелите”

Дејан Дејан

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе