Ковид19 Македонија Топ вести

Шехпаска: Родителите имаа време да се подготват за враќање на работа

Одлуката на владата беше донесена на првата владина седница за отварање на градинките на 9 септември а родителите да се вратат на работа на 23, со тоа направивме простор од две недели за враќање на сите родители на своите работни места, тврди минстерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Со тоа се изгуби смислата за мерката за отсуство од работа за родители на деца до 6 години, кога градинките се отвараат. Стоиме на ставот дека со отварање на градинките оваа одлука престанува да важи, родителите имаа време да се подготват, децидна беше министерката во гостувањето на Топ тема на Телма.

Според министерката тврди дека нивните инспекции во градинките констатирале дека многу малку деца го посетуваат установите.

На дневно ниво ги контактираме сите градинки, нашите информации се базирани на докази и дневни извештаи, одговорно тврдам ова е состојбата, децата се запишани а не поседуваат градинка. Апел до сите родители кои што имаат запишано дете а имаат алтернатива за чување да го отстапат местото за тие кои имаат потреба, рече министерката Шахпаска.

Од друга страна родителите кои мораат да се вратат на своите работни места посочуваат дека се соочуваат со бројни потешкотии, не кои од нив од техничка природа, кои ги спречуваат во намерата да ги пуштат своите деца во градинка. Причините се протегаат од исполнет капацитет до ненавремено известување од градинките за примени дечиња.

Министерката вели дека кога се правела проценката таа била правена врз основа на бројот на слободни места за дечиња, бројот на вработени во установите и нивните капацитети.

Од првиот ден кога ги отворивме градинките формиравме комисија која ги посетува сите градинки во државата. Таа комисија до сега ги посети сите градинки. Државниот санитарен и здравствен инспекорате надлеежен да прави контрола како се почитува протоколот, вели Шахпаска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Во Кочани заврши ,,Маршот на ангелите”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе