Здравстениот инспкеторат и внатрешна контрола во ГАК и Струмичката болница испитуваат дали сите процедури се запазаени во случаите во кои починаа родилка и нејзиниот плод и деветмесечно бебе. Обдукција нема бидејќи телата се подигнати и погребани и со тоа недосасуваат клучни инфромации кои може да дадат прецизен одговор дали станува збор за лекарска грешка или пак било сторено се за да се спасат нивните животи.
Здравствениот инспекторат спроведува вонмредна истрага и во болницата во Струмица откако таму вчера почина деветмесечно бебе. Тим од инспекторат ја проверува комплетната документација во болчницата и кај матичниот лекар во потрага по одговор, дали негиовт живот можел да биде спасен. Во меѓувреме тече и истрагата околу смртта на четириесетгодишната родилка кој викендов почина на Клиниката за гинекологија и акушерство.
Во двата случаи истрагата е отежната бидејќи правилата и процедурите не се запаени барем во делот со обдукцијата кој може да ги даде одговорите на клучните прашања. Телата на починатите ги подигнаа нивните семејства и ги погребаа.
Деветмесечното бебе било донесено околу 15.30 часот во тешка состојба, откако неколку дена било лечено во домашни услови. Лекарите одлучиле да му дадат кислородна поддршка, да направат рентген слика и да го препратат во болницата во Скопје. Меѓутоа, според надлежните, во меѓувреме бебето ќе почине од срцев удар.
Родителите и семејството на починатото бебе нема да дозволат обдукција и ќе го земат телото а полицијата мора да интервенира за да спречи инцидент.
Од Клиниката за гинекологија и акушерство соопштија дека внатрешната контрола е речиси финиширана и наскоро ќе може да се изведе заклучок.
ГАК: „Ги разгледавме работите, недостасуваат детали како што е хистопатологија од матката и во кус временски рок ќе ги добиеме. Бидејќи телото е подигнато и погребано без обдукција недостасуваат некои податоци кои дополнително ги утврдуваме а треба да се земат и изјави од неколку вработени“.
Обвинителството и МВР засега не се вклучени во овие да случаи а прашањето останува зошто никој не интервенирал и со тоа дозволил да не се изврши обдукција врз телата на починатите.
Огнен Чанчаревиќ