Вести Македонија Топ вести

Екстрадиран третиот напаѓач на Саздо, се бара притвор

Од затворот во Хамбург, со авион во истражниот затвор Шутка. По две години бегство и 10 месеци минати во екстрадиоционен пртивор во Германија третиот соучесник осомничен за смртта на навивачот Саздо заврши во Штука. Во пет часот изутрина, на ародромот во Скопје македонската и  германската полиција си го размнија бегалецот од правдата 21-годишниот Јетон Лужа, потврди МВР, а обвинителството подготвува барање за него за да го задржи зад решетки.

Јавното обвинителство потерницата за Лужа ја објави по реакциите на јавноста дури 20 дена откако почина Никола Саздовски, а двајцата првообвинети беа притворени.Тогаш осумнаесетгодишниот Лужа избега од органите на прогонот, се сокрил во Германија, а по една година криење падна во раце на полицијата во Хамбург, каде мина 10 месеци во екстрадициоен притвор.   Во наредните 48 часа надлежниот обвинител во Скопје е должен да бара мерка за Лужа, а тој да биде изведен пред судија на претходна постапка,  вели одбраната на Лужа.

Лужа е третоосомничен за убистовот на навивачот Никола Саздовски. Им се судеше само на Бесир Беља и Скендер Демири, кои добија по 19 години затвор за свирепо убиство. Според Кривичниот суд, обвинетите кои дејствувале заедно се виновни затоа што на свиреп начин го лишиле од живот Никола Саздовски.  Од ударите Саздо западна во кома, и по една недела почина во ургентниот центар.

Павле Беловски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Убиство со пиштол купен за 1 100 евра, девојка-возач за бегство и многу мистерии дали за штипската престрелка на турски државјани е одговорна дрога,девојка или одмазда

Дејан Дејан

Фон дер Лајен, Макрон и Мерц: Построги санкции ако Русија одбие примирје

Дејан Дејан

Илјадници Романци на проевропски протест пред вториот круг од претседателските избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе