Култура

„Макфест“ за првпат на отворено

Штип по 35-ти пат ќе живее во ритамот на „Макфест“, но за првпат на отворено. Пандемијата ги натера организаторите сцената да ја постават на Градскиот плоштад,  наместо во салата на Центарот за култура „Ацо Шопов“. Публиката вечерва заедно со осум познати македонски ѕвезди ќе ги пее  макфестовските хитови, кои се испеани во изминатите три и пол децении.

Макфест ќе има само една фестивалска вечер, во сабота ќе се изведат 24 нови песни. Техничкиот директор на „Макфест“, Кирил Панајотов вели дека годинава нема да се додели наградата за најдобра интерпретација, бидејќи поради здравствените протоколи се бара секој пејач да има посебен микрофон.

Останува и познатата шоу програма, додека публиката гласа на финалната вечер,  свое шоу годинава на јулибејот ќе има Игор Џамбазов со Гуру Харе. Организаторите велат дека предизвикот го прифатиле да го реализираат фестивалот и под посебни здравствени протоколи. Секое столче е на растојание од метар и половина,  ќе има волонтери од општината и Црвениот крст, кои нема да дозволат групирање на публиката.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Македонската филхармонија вечерва во Солун со „Кармина Бурана“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе