Врховен ги забетонира казните за „Тенк“. Две години за Никола Груевски, четири за Гордана Јанкуловска и четири ипол за Ѓоко Поповски. Пресудата за набавката на блиндираниот мерцедес од 600 илјади евра по која Груевски избега во Будимпешта стана и конечна но експремиерот нема да добие упатен акт во унгарската претолнина каде за сега ги ужива предностите на азилот . екс помошник министерот во МВР Поповски веќе е во затвор. (Тој беше осуден и за предметот триста за набавката на автобмобили во МВР).
Конечната одлука на Врховниот суд единствено Јанкуловска ќе ја прими на слобода но ќе добие и упатен акт за во затвор. Првите две покани ги избегна. Првиот пат доби одлагање од Кривичен за неколку месеци поради бебето кое тогаш немаше наполнето една година, вториот термин и беше за 1 јули 2019 но Врховен прифати таа да не оди во затвор додека не донесе одлука. За сега нема најава од одбраната дали повторно ќе бараат одлагање и по кој основ би го сториле тоа.
Ова е прв предмет на СЈО што помина на Врховен а Јанкуловска прва поранешна министерка од редовите на ВМРО ДПМНЕ што треба да влезе во затвор откако ги исцрпе сите три судски инстанци во земјава. Но таа се жали и во судот за човекови права во Стразбур каде се повикувува помилувањата на експретседателот Иванов.
Тенк беше и првиот предмет за кој Груевски доби првостепена и второстепена пресуда по која требаше да влезе во затвор но скришум излезе од државата додека институциите го бараа и чекаа сам да се јави во Шутка. За неговото бегство иако имаше истрага до сега никој не одговараше.
Јанкуловска одговараше за злоупотреба на службената положба, под влијание на Груевски го поттикнала Поповски да направи незакоснки тендер со кој ке фаворизирак упување на луксузен мерцедес. Груевкси беше обивнет зап облаго криивчно дело примање награда за противзаконито влијание.
Елена Ивановска Мукоска