Македонија Најважни

Листата на заменици министри од денеска во Собрание

Наредната недела, најверојатно во вторник или во среда, листата со 16 имиња на новите заменици министри, ќе се најде пред пратениците. Премиерот Зоран Заев потврди дека разговорите со партиите и со кандидатите се завршени и дека предлогот денеска се испраќа во Собрание.

СДСМ ги добива ресорите финансии, информатичко општество и земјоделство. За втор човек во Министерството за финансии се предлага професорот за бизнис и маркетинг на Американ колеџ, Димитар Ковачевски. Во Информатичко општество треба да остане досегашниот заменик, Александар Бајдевски, а министерот за земјоделство Трајан Димковски ќе се пресели во заменичкиот кабинет на истото министерство.

Заменички места добиваат повеќе коалициски партнери на СДСМ. Зоран Маневски ќе биде предложен за заменик во економија, новинарот Зоран Димитровски, како кадар на Демократскиот сојуз, ќе биде заменик за локална самоуправа, Фатмире Исаки од ДПА ќе биде заменик за надворешни работи, Христина Оџаклиеска од ДОМ во Животна средина, професорот Арафат Шабани во Образование, Енвер Хусеин во Труд и социјала, Седат Сулејмани во Култура, а Илхан Рахман од партијата на турците – заменик за политички систем.

Замениците од ДУИ се познати уште од минатата недела. Досегашниот заменик министер за внатрешни работи, Агим Нухиу, ќе оди во Правда, а на неговото место доаѓа поранешниот директор во Телеком, Назим Буши. За заменик министер за здравство се подготвува директорот на Ургентниот центар, доктор Илир Хасани, од Финансиска полиција во Одбрана треба да дојде Башким Хасани, а во Транспорт и врски – членот на Судскиот совет Беким Реџепи.

Паралелно, се договараат раководните позиции во најважните агенции, дирекции, јавни претпријатија и други државни институции. Во многу од нив е договорена ротација меѓу СДСМ и ДУИ.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европа да се обедини, реформите се тешки, уставните измени главен услов – пораки од еврокомесарката Кос

Дејан Дејан

Министерство за енергетика: Не се изгубени средства од Реформската агенда, обврските ќе се исполнат до јуни 2026 година

Дејан Дејан

Запленети 100 килограми марихуана во Струмица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе