Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска им упати совет на граѓаните од Општина Кисел Вода, урбанистите и советниците да реагираат доколку сметаат дека Деталниот урбанистички план, со кој во Расадник (градска четврт Ј-14) се планирани 90-ина згради, е против нивните интереси.
Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција, Бочварски рече дека тој ДУП сѐ уште не е донесен и сега е моментот преку јавноста и граѓаните да се работи на усогласување со реалните потреби.
„Сега е моментот за фелата, советниците и граѓаните“,
изјави Бочварски, кој ја објасни улогата на Министерството во донесувањето на ДУП.
„Откако ќе биде одобрен од советниците, потоа тој доаѓа на согласност во Министерството, каде што се гледа усогласеноста и со законите, но не навлегуваме во интересите на општините. Таков е законот. Ние вршиме контрола со која не сме дозволиле во изминатите месеци и години да поминуваат ДУП на брза лента без да се направи увид во одреден проблем“,
рече Бочварски.